Во Охрид се одржа Втора лига – Екипно шаховско првенство за мажи Македонија 2022
Во организација на Шаховската федерација на Македонија, од 21-24 јули 2022 година, во Охрид, се одржа Втора лига – Екипно првенство за мажи на Македонија за 2022 година.
На првенството учествуваа 12 екипи, поделенени во две групи од по 6 екипи.
ШК Ласкер Охрид со остварени две победи беше четврт во својата група или вкупно осми во конечен пласман. За екипата на ШК Ласкер Охрид настапија: Даниел Андреески, Александар Алексовски, Филип Неделкоски, Константин Лушески, Никола Николовски, Љупчо Попаѓоски, Даниел Нунески, Андон Колоски, Ерол Су и Александар Матески.
ШК Ласкер Охрид финансиски е поддржан од Општина Охрид.
Конечен пласман за лигата на: https://chess-results.com/tnr658779.aspx?lan=1
WebOhrid / 24.07.2022 / ШК Ласкер