23/11/2024
Охрид

Во Општина Охрид континуирано расте наплатата на туристичката такса

Мерките што ги презеде Општина Охрид за развој на туризмот во изминатиот период даваат резултати.Приходите на наплатата на туристичката такса во буџетот на Општина Охрид континуирано растат.

Секторот за туризам и ЛЕР врз основа на извршените анализи, утврди дека вкупната наплата на туристичка такса за 2018 година од физичките лица кои вршат угостителска дејност од мал обем и хотели е зголемена за 14% во однос на 2017 година.

Во Општина Охрид наплатата на туристичката такса од физичките лица кои вршат угостителска дејност од мал обем и хотели за 2018 година  изнесува 21.236.895 денари, додека наплатата на туристичката такса од физичките лица кои вршат угостителска дејност од мал обем и хотели за 2017 година изнесува 18.562.808 денари.