Во ОУ „Григор Прличев“ се одржа работилница „Создаваме, креираме математички сликовници“
На ден 13. 04. 2018 год. во просториите на ОУ „Григор Прличев“ Охрид се одржа заедничка работилница на учениците од V-4 одд. со учителката Маре Ѓорѓиоска од ОУ „Григор Прличев“ – Охрид и V-1 oдд. со наставничката Виолета Петковска од ОУ „Кочо Рацин” – Охрид.
Тема на работилницата – Проектна активност „Создаваме, креираме математички сликовници“.
Цели и ефекти – Со посета на ОУ „Григор Прличев“ се оствари запознавање на учениците-врсници. На почеток на пано големо срце, учениците оставаат свој печат или автограм. Во училницата на V-4 се одржа работилницата. Оваа работилница овозможи да се развива дружељубивост, здружување во групи, меѓусебно помагање и почитување, колаборативен однос на членовите во групите, поттикнување желба и интерес за креирање сликовници, унапредување вештини за користење и селекција на достапни ресурси на оригинален забавен начин, учениците размислуваат и разговараат за идеи за наслов, име, илустрирање корици, текст, илустрации, пишуваат математички задачи и решаваат задачи, при тоа се развивa иновативно, логичко мислење.
Секоја група ги презентира математичките сликовници и ги споделува своите сознанија за теми што сами ги одбираат.Секоја презентација беше проследена со спонтан аплауз. Ваквиот тип на работа ги поттикнува и мотивира учениците да имаат насочено внимание, постојана концентрација и се поттикнува логичкото и кретивно мислење.
Работилницата започна и заврши со две музички точки осмислена кореографија од самите ученици под менторство на дветте наставнички. Со заедничките математички сликовници се направи изложба.
Реализатори беа наставничките Маре Ѓорѓиоска и Виолета Петковска.