23/11/2024
ОхридСпорт

Во петок Спортски ден за вработените во Општина Охрид и Јавните претпријатија

Во петок (12.04.2019) од 10:00 до 14:00 часот ЈП „Билјанини Извори“ организира Спортски ден за активните вработени во Општина Охрид и Јавните претпријатија.

„Спортското дружење и поттикнувањето за практикување на спорт и рекреација кај вработените секогаш позитивно делуваат во насока на подобрувањето на комуникацијата, тимската работа, мотивацијата и продуктивноста, а со тоа и целокупната работна атмосфера во самите претпријатија и општините. Водејќи се со таа цел ние како претпријатие ги покануваме сите вработени и мажи и жени од јавните претпријатија од Охрид и Општината Охрид да се приклучат и да бидат дел од ова несекојдневно дружење.“ – информираат од ЈП „Билјанини Извори“.

Спортскиот ден ќе се одржи во Спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ при што за потребите на спортовите ќе се користат неколку спортски објекти од затворен и отворен карактер.

Учесниците ќе се натпреваруваат во неколку спортови и тоа мал фудбал, пинг-понг, баскет и тенис.

ЈП „Билјанини Извори“ за првопласираните три екипи во сите категории има обезбедено награди,  пехари, медали и признанија.