12/03/2025
Спорт

Во петок започнува Пионерска лига во шах „Охрид 2025“

Во петок (28.02.2025) со почеток во 12:00, во ООУ „Братство Единство“ Охрид, почнува Пионерската лига Охрид 2025 во шах, која ја организира ШК Ласкер Охрид во соработка со Сојузот на училишни спортови Охрид.

На Пионерската лига учествуваат 6 екипи и тоа: ООУ „Братство Единство“ Охрид, ООУ „Ванчо Николески“ Лескоец, ООУ „Григор Прличев“ Охрид, ООУ „Св.Климент Охридски“ Охрид, „Св.Наум Охридски“ Пештани и ООУ „Живко Чинго“ Велгошти.

Натпреварите ќе се одржуваат секој петок со почеток во 12:00 во ООУ „Братство Единство“ Охрид, ул 7 Ноември бр 85, од 28 февруари до 28 март 2025.

Пионерската лига ќе се игра екипно, на четири табли, по Бергер систем (секој со секого), со темпо на игра 15 минути со 10 секунди додаток на секој потег.

Пионерската лига Охрид 2025 се организира во согласност со Годишната програмата за работа на ШК Ласкер Охрид, финансирана од Општина Охрид,


WebOhrid / 25.02.2025 / ШК Ласкер Охрид