23/11/2024
Дебрца

Во подрачното училиште во Требеништа ќе биде поставено централно греење

Во завршна фаза се работите за адаптација и санација на зградата на Подрачното училиште во село Требеништа.

„Се адаптира просторијата за котлара за централно греење на училиштето и се решава проблемот со континуираната влага во училиштето, проблем кој поранешните локални власти на неколку пати го решаваа, но поради пропусти при изведбата не го решија. За таа цел, од источната страна на училиштето повторно се поставува дренажа, со поставување перфорирана цевка, гранулиран дробен камен и бетонирање под цевката.

Вкупната вредност на работите изнесува 479.700 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца за 2019 година.“– информира градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.

За време на училишниот распуст, претстојново лето, во училиштето ќе биде поставено централно греење.