25/11/2024
Охрид

Во понеделник промоција на книгата „Охридски писатели за деца и младинци“

„Охридски писатели за  деца и младинци“ е најновата книга на авторите Димитар  Пандев  и Славе Ѓорѓо – Димоски што деновиве излезе од  печат во издаваштво  на Општина Охрид и градоначалникот Кирил  Пецаков.

Овој  труд е дел од едицијата  „Охридско книжевно наследство“ во чии рамки претходно локалната власт издаде девет трудови од горе споменатите автори.

Промоцијата на книгата „Охридски писатели  за деца и младинци“ е закажана за понеделник (10.06.2024) во 11:00 часот во големата сала на Општина Охрид, а промотор  ќе биде м-р Ирена Бачиќ.


WebOhrid / 06.06.2024 / Општина Охрид