22/11/2024
Охрид

Во понеделник започнуваат градежни работи на ул. „Кеј Македонија“ во Охрид

Од Локалната самоуправа Охрид информираат дека во понеделник, 04.06.2018 година на улицата „Кеј Македонија“ ќе започнат градежни активности околу рехабилитација на истата.

Поради тоа улицата ќе биде затворена за сообраќај и тоа од пресекот со ул.„Мак.Просветители“ до пресекот со ул.„Јане Сандански“. Во исто време од Општината апелираат, сите возила кои се паркирани на гореспоменатата улица да бидат отстранети. Градежните работи ќе се изведуваат во време од 04.06.2018-18.06.2018 година.