Во сабота (08.02.2025) отворен ден за програмите Бреинобреин и Полетарче
Уште еден голем меѓународен успех на охридските бреинобреин генијалци на 13-от Интернационален Бреионобреин натпревар кој на онлајн платформа се одржа на 25 јануари 2025 година. Во конкуренција од 23.128 илјади учесници од 78 земји, 19 ученици од Центарот за развивање животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид, кои учествуваа на овој натпревар, освоија 6 златни медали и 13 сребрени медали.
Овој успех се должи на посветеноста, вложениот труд и упорната работа на децата, на посветениот и професионален ангажман на тренерите и на поддршката од родителите.
Поттикнати од овој успех продолжува имплементацијата на Бреинобреин програмата фокусирани на подобрување на излезните развојни резултати кај децата и градење поттикнувачки амбиент за учење преку креирање мотивација и позитивен пристап кон учењето кој им помага на децата да развијат вештини, знаења, компетенции, самодоверба и чувство на социјална одговорност.
Утре, сабота од 12:00 до 14:00 ч. во просториите на Црвен крст Охрид ќе се реализира отворен ден за БРЕИНОБРЕИН програмата и за едукативно-забавната програма ПОЛЕТАРЧЕ, на кој родителите со своите деца ќе можат на непосреден начин да се запознаат со овие програми и уверат во уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини имплементирани од високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународни стандарди.
WebOhrid / 07.02.2025 / Црвен крст Охрид