Во сабота нова „Импровокација“ во Центарот за култура во Охрид
Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, на 27.10.2018 (сабота) ќе биде одиграна новата „Импровокација“.
Новата „ИМПРОВОКАЦИЈА“ носи нови игри и многу забава. Целта на „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е преку еден неформален и забавен начин да ја демистифицира магијата на создавање театарски игри (сцени) за да го доближи театарот што повеќе до пошироката публика. Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е спонтана, забавна и смешна, но како сите други работи треба да се види и доживее за да се ужива во неа.
ИМПРОВОКАЦИЈА С05Е03 има нов шести член, мистериозен гостин.
Картите се по цена од 200 денари и истите можат да се набават во продажното место Музичка Продавница Зизи Топ, или да се резервираат на телефонскиот број 075 283 066, од 11:00 до 15:00 часот.