Во сабота во Скребатно ќе се одржи „Охридска софра“
Шестото издание на манифестацијата “Охридска софра“, ќе се одржи во сабота во Скребатно. И овој пат на посетителите ќе им биде презентирана традиционалната охридска храна, вкусното ѓомлезе и други етнолошки вредности, карактеристични за охридскиот крај.
Сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат, можат да се пријават во Секторот за ТЛЕР во Општина Охрид, најдоцна до 31 август. За граѓаните кои сакаат да учествуваат на манифестацијата, Општина Охрид има обезбедено превоз со автобус, кој тргнува од пред скалестата зграда на бул. Туристича на 1 септември во 9:45 часот.