Во Софија се одржува втората Балканска конференција на мали и средни претпријатија
Денес во Софија се одржува втората Балканска конференција на малите и средни претпријатија (МСП). Настанот се одржува со присуство на Бугарското претседателство на Советот на Европската унија.
Претставници на Бугарско-Македонскиот бизнис клуб, како и нивни фирми-членки се официјални гости на овој настан.
Бугарско-македонскиот бизнис клуб нуди различни услуги на своите членови. БМБК го поддржува развојот на бизнисот на своите членови во сите сектори на економијата. Во одредени сектори, тие имаат значително искуство и контакт мрежа. Официјалната веб-страница на БМБК е www.bmbclub.org
Балканска конференција на МСП – Софија 2018, е со мото: „Успех = Иновации + Пазари + Финансии + Дигитализација“ и се организира од Здружението за помош на малите и средни претпријатија – Обединети Бизнис Клубови (ОБК), со поддршка на Извршната агенција за промоција на мали и средни претпријатија (ИАНМСП) и Бугарска агенција за инвестици при Министерството за економија.
Конференцијата се одржува на иновативен, интересен и корисен начин. Гости на настанот се и претставници на бугарските власти, Европскиот парламент, Европската комисија, амбасадори, други претставници на локални и европски деловни организации и трговски комори.