Во сообраќајка на патот Струга – Дебар почина тракторист од Велешта
На 18.09.2019 во 18:55 часот на регионалниот пат Струга-Дебар случена е сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Ќ.(56) од охридското село Горно Лакочереј и трактор без регистарски ознаки, управуван од М.Ф.(48) од струшкото село Велешта.
Во незгодата М.Ф. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга, а потоа во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде починал. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.
Н.Ќ. се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица Струга.