Во сообраќајка во Охрид тешко повреден возач на мопед
На 17.06.2018 година во 22:30 часот на крстосницата од ул. „Марко Нестороски“ и ул. „Богомилска“во Охрид дошло до судир помеѓу патничко возило „Хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.Н. (62) од Охрид и мопед „Пежо“ со охридски регистарски ознаки, управуван од И.В. (29) од Охрид.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот кој бил пренесен и задржан на лекување во Болницата „Св.Еразмо“-Охрид. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Охрид.