22/11/2024
Охрид

Во среда ќе се реализира крводарителска акција во просториите на ОСУ „Св.Климент Охридски“

Со цел обезбедување на доволни количества крв и крвни продукти за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид во летниот период, Црвен крст Охрид организира крводарителска акција која ќе се реализира на 26.06.2019 (среда) во просториите на ОСУ „Св.Климент Охридски“ – Гимназија во периодот од 9:00 до 13:00 часот.

Црвен крст Охрид ги поканува нашите сограѓани да ја искажат својата хуманост дарувајќи ја драгоцената течност на оваа крводарителска акција.