22/11/2024
МакедонијаСтруга

Во Струга ќе биде отворена обука за локалните власти и граѓанското општество – Струга

Европската асоцијација за локална демократија – АЛДА Скопје, Здружението на финансиски работници од Велес и Европското Движење има чест да ве покани на официјалното отворање на обука во рамки на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“. Ова е втора обука во серијата обуки наменети за претставници од локалните власти и граѓанското општество.

Втората обука „Раководење со проектен циклус и ЕУ фондови“ ќе се одржи во Струга на 27 и 28 ноември. Официјалното отворање ќе биде на 27 ноември (понеделник) во 10 ч. во хотелот „Дрим“. На него ќе се обратат амбасадорот на Франција, Н.Е. г. Кристијан Тимоние и г-ѓа Катица Јанева, претставник од АЛДА – Европската асоцијација за локална демократија.

Првата обука „Алатки за локална демократија“ се одржа на 23 и 24 ноември 2017 во Битола, а ќе следуваат уште две обуки во ноември и декември во Струмица и Велес. На обуките учество ќе земат вкупно 120 претставници на општини и граѓански организации.

Проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ има за цел да го зајакне влијанието на организациите од граѓанското општество во јавните политики на локално ниво. Активностите придонесуваат кон воспоставување на соработка помеѓу граѓанските организации и локалните власти како и креирање на овозможувачко финансиско опкружување за мали локални организации. Овој проект ќе овозможи зајакнување на улогата на граѓанските организации како клучен фактор во процесот на пристапување кон Европската Унија.

Проект е финансиски поддржан од Европската Унија преку ИПА програмата за граѓанско општество и програмата за медиуми 2015. Обуките се кофинансирани во рамките на програмата за соработка Нормандија – Македонија.