Во такси возило во Охрид пронајдена дрога
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Н.(20) од Охрид, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, бидејќи полициски службеници кај Б.Н., при извршен преглед во такси возило во кое бил заедно со И.М.(38) од Охрид, пронашле и одзеле марихуана.