25/11/2024
Охрид

Во тек е санацијата на големиот дефект на кружниот тек кај Билјанини Извори

Во тек е санацијата на големиот дефект (пукната цевка со профил ф 300 мм) на кружниот тек помеѓу булеварот „Туристичка“ и „АСНОМ“ кај Билјанини Извори во Охрид.

Имено, синоќа поради настанат дефект моментален прекин со водоснабдување имаше поголем дел од централното градско подрачје. Екипите на ЈП Водовод излегоа на терен и за краток временски период водоснабдувањето во останатиот дел од градот се нормализира, а прекин има само на улиците „Кеј Македонија“, „Партизанска“ и дел од „АСНОМ“.

Поради настанатиот дефект забележана е зголемена матност во водата за пиење во одредени делови од градот, со што времено се забранува за пиење и миење водата од централниот систем за водоснабдување на Охрид, се додека не се санира настанатиот дефект и не се стабилизира водата.

Поради значителните оштетувања на коловозите, нема можност за нормално одвивање на сообраќајот на кружниот тек помеѓу булеварот „Туристичка“ со „АСНОМ“, со што на сила стапи и посебен режим на сообраќај.


WebOhrid / 24.01.2024