Во тек се уписите за есенскиот циклус од едукативната програма Време е за книга – Children story hour
Црвен крст Охрид со задоволство го најавува почетокот на есенскиот циклус од едукативната програма ВРЕМЕ Е ЗА КНИГА – CHILDREN STORY HOUR кој ќе стартува на 20.09.2018 година и ќе трае 15 недели.
ВРЕМЕ Е ЗА КНИГА – CHILDREN STORY HOUR е програма која се спроведува повеќе од 9 години во рамките на програмските активности на Црвен крст Охрид и е наменета за деца од 4 до 7 годишна возраст. Оваа интересна програма овозможува поттикнување и развој на креативноста, емоционалната сигурност, хуманоста и солидарноста кај децата уште од најмала возраст. Тимот волонтери кои ја водат програмата, на забавен и интерактивен начин ја поттикнува љубовта кон книгата и знаењето и користењето на англискиот јазик кај дечињата. Користејќи ја детската литература на англиски јазик од библиотеката во Црвен крст Охрид, дечињата учат како да се грижат за книгите, да ги чуваат, изнајмуваат, читаат и враќаат. Преку песничките и друштвените игри се овозможува децата да се дружат меѓу себе и да ги јакнат комуникациските вештини. Катчето за креативни работилници нуди одлична можност за поттикнување на креативноста, истражување и користење нови материјали и техники.
Покрај програмата за децата, оваа програма е надополнета со организирани дискусиони групи за родители. менторирани од страна на стручни лица од различни области, според потребите и желбите на родителите (педагози, психолози, педијатри, стоматолози, социјални работници…).
Уписите се во тек и ќе траат до 17 септември кога е планирано во периодот од 16-18 ч. во просториите на Црвен крст Охрид да се реализира отворен ден за сите заинтересирани деца и родители на кој ќе можат да се запознаат со содржинскиот дел.
Пријавување за есенскиот циклус на ВРЕМЕ Е ЗА КНИГА – CHILDREN STORY HOUR освен во просториите на Црвен крст Охрид секој работен од 8-16 ч. може да се изврши и електронски со пополнување на соодветна апликација на следниот линк https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSebbwxpUy-m5nLr-wgmKl7-3Q9HKOPFP8zZ-QjlfaTsQuP6Ug/viewform.