09/02/2025
Охрид

Во тек се зимските уписи во Центарот за развивање на животни вештини Бреинобреин

Во тек се зимските уписи во Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид на деца од 4-14 годишна возраст заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.

БреинобреинЦрвен крст ги поканува родителите со своите деца, да се уверат во уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини имплементирани од високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните стандарди на оваа програма, кои ќе помогнат децата да достигнат развој и целосно искористување на мозочниот потенцијал и да бидат спсобни да ги користат двете хемисфери на мозокот, подеднакво и ефикасно.

Овозможете му на Вашето дете да биде дел од најдобрата детска академија во светот!

За сите новозапишани ученици во овој циклус, кои едукацијата ќе ја започнат до 01.03.2025 година, БреинобреинЦрвен крст Охрид овозможува 50% попуст за првиот месец од програмата. 

Бреинобреин е единствена меѓународно признаена академија за ментална аритметика, со меѓународни признанија

Best Kids Education Brand Award

18 години искуство

во повеќе од 45 држави

над 4.000.000 деца

интернационални натпревари

2 Гинис рекорди

единствено во Бреинобреин е застапен НЛП метод за деца и мултитаскинг техники

билингвилна програма-англиски и македонски јазик

Детали за уписите и пријавување на телефоните 046 261909 или 078 227433, на е-маил: ohrid@redcross.org.mk, или во просториите на Црвен крст Охрид, секој работен ден од 8-16 ч., а детални информации за оваа програма заинтересираните ќе можат да добијат на отворениот ден за Бреинобреин програмата кој ќе се реализира на 08.02.2025 г. (сабота) од 12:00-14:00 ч. во просториите на Црвен крст Охрид.


WebOhrid / 22.01.2025 / Црвен крст Охрид