Во возило на стружанец пронајдена марихуана
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Љ.А.(32) село Шум, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 16.01.2019 година во село Шум, при претрес во дом и возило на пријавениот, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана и хероин.