22/11/2024
Струга

Во возило пронајдена дрога кај жител од Тетово

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.М.(32) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 01.08.2019 на ул.„Партизанска“ во Струга, полициски службеници извршиле преглед на паркирано патничко возило, кое го управувал пријавениот, при што пронашле и одзеле таблети метилен-диоксиметамфетамин (MDMA) и марихуана.