25/11/2024
Охрид

Волонтери/акцијаши на „Брег на младоста“ Охрид ќе учествуваат на Меѓународна волонтерска акција – Скопје

Волонтери/акцијаши на „Брегот на младоста“ Охрид ќе учествуваат на Меѓународната волонтерска акција- Скопје на нашите дланки 1963-2018, 55 години од Скопскиот земјотрес.

Претставник ќе биде Теа Петкоска, претседател на Клуб на млади волонтери/акцијаши во Здружение „Брег на младоста„ Охрид и Командант на Охридската бригада на волонтери/акцијаши.

„Во оваа прилика, сакам, или поточно, и особено ние младите волонтери/акцијаши сакаме, да ја искажеме нашата гордост што сме вклучени и припаѓаме на здружението „Брег на младоста„ Охрид, каде што ги уживаме благодетите и вредностите на волонтаризмот како наш и светски признат позитивен феномен и каде што се едуцираме, воспитуваме и применуваме позитивна пракса да се почитуваме себе си, другите и, ги чуваме и заштитуваме вредностите, како на нашата преубава охридска животна средина и природните и културни вредности и наследство, така и на вредностите во други средини, држави, Европа и пошироко.

Ја споделуваме нашата летна активност на интензивни подготовки на охридските волонтери/акцијаши за учество на меѓународната волонтерска акција „Скопје на нашите дланки 1963-2018 година, 55 години од Скопскиот земјотрес„ од 22 до 29 Јули оваа година каде, заедно со волонтери/акцијаши од Република Македонија од клубови од Охрид, Куманово, Скопје и поединци и групи од други места, од Република Србија од клубови од Ниш, Белград, Кралево, Кикинда, Бела Црква, од Република Босна и Херцеговина клубови од Тузла, Зеница, Лопаре, Бреза, од Република Хрватска од Загреб, од Република Словенија клубови од Велење и Марибор, од република Црна Гора од Подгорица, како и поединци и групи волонтери/акцијаши од други балкански и европски држави кои, во рамки на програмата ќе се дружат, и ќе спроведуваат работни, едукативни и културни активности и ќе ја означат нераскинливата историска врска на доброволниот акцијашки ангажман за помош на настраданите и тешките последици од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, и да дадеме позитивни сигнали и подготвеност за натамошна солидарност и волонтерско вклучување за помош во било какви несреќи и катастрофи, насекаде во регионот, Европа и било каде во светот.“- информираат од АК Брег на младоста Охрид.

Триесетмината охридски бригадири, волонтери/акцијаши, со поддршка на општината Охрид и лично на градоначалникот Јован Стојаноски, како и општествено одговорни компании и поединци подржувачи, ја имаат честа и одговорноста со својата жар, несебичност и далековидост да ја носат охридската култура, ги постават своите срца на скопската дланка и ги спојат со срцата и душите на бројните волонтери/акцијаши од различни држави, народи, нации кои го носат огнот на солидарниот дух на волонтерското и акцијашко ангажирање во целиот свет, додаваат оттаму.