23/11/2024
Охрид

Волонтерите од Црвен крст ќе изведат реален приказ за ризиците на трговијата со луѓе

По повод „18 Октомври – Европски ден на борба против трговија со луѓе“ Црвен крст Охрид на 18.10.2019 (петок) од 12 часот на Градскиот плоштад во Охрид ќе организира јавен настан на кој волонтерите на Црвен крст Охрид ќе изведат реален приказ за тоа што може да се случи на лице кое може да биде дел од трговијата со луѓе.

Целта е да се подигне нивото на свест во јавноста за опасностите и ризиците кои ги носи проблемот на трговија со луѓе.