Воведена забрана за тешки товарни возила на Стража и Маврово
Поради интензивни врнежи од снег на планиските премини Маврово и Стража воведена е забрана за движење на тешки товарни возила, информираат од АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, додека на планинските превои во западниот дел има остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните екипи. Слаб снег провејува на планинските превои Стража, Маврово, Буково и Попова Шапка.