26/11/2024
Македонија

Возете внимателно за празникот на љубовта и виното

Празниците се време за средби со најблиските и за создавање незаборавни спомени, но и време кога сообраќајот на патиштата е поинтензивен и неопходно е да се посвети посебно внимание на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.  За време на празникот на љубовта и виното возете внимателно! Наздравете за пријателствата, за искреноста, за среќата на живеењето, за безброј среќни моменти исполнети со многу љубов.

Љубовта оправдува многу нешта, но не и загрозување на безбедноста во сообраќајот. Затоа РСБСП упатува апел:

        •     ако пиеш – не вози, ако возиш – немој да пиеш,

        •     ако пиеш – користи такси превоз или јавен превоз,

        •     за тие што те сакаат и за тие што ги сакаш, почитувај ги сообраќајните

                  правила   и   прописи,

        •     вози внимателно и грижи се за сите учесници во сообраќајот,

       •      сподели среќа и радост со најблиските и

       •      вози со СРЦЕ!

РСБСП на сите учесници во сообраќајот им го честита празникот на љубовта и виното и им советува доколку за време на празнувањето одлучат да управуваат со моторно возило, да бидат особено внимателни и да возат совесно. 

Честит Св. Валентин и Св. Трифун!

Почитувајте го животот и уживајте во пријателствата.

Споделете љубов и покажете одговорно однесување.

Возете безбедно!


WebOhrid / 13.02.2023 / РСБСП