Возило излета од коловоз на регионалниот пат Ќафасан – Подмоље, тешко повредено едно лице
На 19.01.2025 околу 10:00 часот во ОВР Струга пријавено е дека, на регионалниот пат Ќафасан-с.Подмоље, патничко возило „пежо“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(48) од с.Радолишта, струшко, излетал од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здоби сопатникот Ф.Д.(18) од селото Радолишта, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен беше увид од увидна екипа на СВР Охрид.
WebOhrid / 20.01.2025 / СВР Охрид