Возило повреди малолетен пешак кај струшкото село Луково
На 14.08.2021 во 22.05 часот во Струга на регионалниот пат кај с.Луково, патничко возило „фолксваген пасат“, со дебарски регистарски ознаки, управувано од Ш.Ц.(26) од Дебар удрило во малолетен пешак од с.Луково, струшко.
По незгодата пешакот е пренесен во Медицински центар – Струга, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Охрид.