Возило повреди малолетен велосипедист во Охрид
На 27.05.2021 во 19.45 часот на ул.„Карпош Војвода“ во Охрид, патничко моторно возило „рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(28) од Охрид, удрило во велосипед кој го управувал малолетник од Охрид.
Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот на кого му била укажана лекарска помош во Специјална болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.