26/11/2024
Македонија

Возило повреди пешак во Кичево

На 18.05.2018 година во 20:30 часот во Кичево на булевар „Ослободување“, Т.А.(69) од Кичево управувајќи патничко моторно возило „Опел вектра“ удрил во пешак Д.Б.(57) од Кичево.

Од незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди кој по укажаната лекарска помош во Медицински центар Кичево бил пренесен во болницата „Св. Еразмо” во Охрид. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.