Возило удри пешак на патот Кичево – Охрид
На 15.09.2021 во 10.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Кичево- Охрид, кај населба Горица, патничко моторно возило „бмв“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.С.(51) од Кичево, удрило во пешакот С.С.(81) од Кичево.
Во несреќата С.С. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кичево.