22/11/2024
Струга

Вработен во шумско стопанство „Јабланица“ овозможил транспорт на бесправно исечени дрва како легални

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Г.Б.(47) од Струга.

Пријавениот, вработен во шумско стопанство „Јабланица“ во атар на селото Лакавица, ставил печат на 136,5 м3 бесправно посечени букови дрва сопственост на РСМ и овозможил дрвата да се транспортираат како легални.