22/11/2024
Охрид

Вработена во маркет во Охрид предизвикала материјална штета од 1.182.022 денари

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Л.(32) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. Таа, во својство на одговорно лице во маркет во Охрид, подолг период противправно присвојувала парични средства – сопственост на правниот субјект кои ѝ биле доверени за работа. Со тоа, според финансиската документација приложена од сопственикот на правниот субјект, пријавената предизвикала материјална штета од 1.182.022 денари.