Вработени на охридскиот аеродром засадија дрвја покрај Охридското Езеро
Со цел унапредување на одржливоста и корпоративната општествена одговорност и да го прослави Меѓународниот ден на волонтерството, 5-ти декември, ТАВ Македонија, операторот на двата македонски аеродроми и подружница на ТАВ Аеродроми, организираше активности за садење дрва во заедниците каде што работи – Општина Илинден и Општина Охрид
Под слоганот – „Садиме денес, за одржливо утре“, ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, вчера, 4-ти декември и денес, 5-ти декември, организираше две активности за садење дрва во кои волонтери – вработени на аеродромите во Скопје и Охрид засадија дрва во Општина Илинден и Општина Охрид, како проактивен потег со цел да го зголемат своето зелено влијание, како дополнување кон напорите за одржливост и да го прослават Меѓународниот ден на волонтерството, 5-ти декември.
Триесет и пет дрва од видот „чинар“, денес, 5-ти декември, беа донирани на Град Охрид од ТАВ Македонија и засадени покрај Охридското Езеро од страна на волонтери-вработени на охридскиот аеродром, со цел да се збогати зеленилото на пешачката патека од плажата Куба Либре до плажата Горица.
Вчера, 4-ти декември, ТАВ Македонија донираше 30 дрва од видот црвена слива на Општина Илинден, кои беа засадени од волонтерите – вработени на скопскиот аеродром во близина на средното училиште „Илинден“, градинката „Гоце Делчев“ и спортскиот комплекс во општината.
„Неизмерно сме горди на посветеноста и ентузијазмот што го покажаа нашите вработени. Практичната активност не само што има позитивно влијание врз животната средина и локалните заедници, туку и помогна да се поттикне тимскиот дух и заедничкото чувство за цел. Оваа иницијатива е моќен потсетник дека секоја акција, без разлика колку е мала, може да придонесе за поголема, позитивна промена. ТАВ Аеродроми е посветена на создавање одржливи решенија и среќни сме што ќе може да го следиме влијанието на овие новозасадени дрва“. – изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.
Еколошките и волонтерски активности за садење дрва ТАВ Македонија ги организираше и ги спроведе со поддршка на Општина Илинден и градоначалникот Александар Георгиевски и Општина Охрид и градоначалникот Кирил Пецаков. Јавните комунални претпријатија „Илинден“ и „Охридски комуналец“ помогнаа со подготовка на почвата и теренот за засадување на дрвјата.
Со овие две еколошки и волонтерски активности, организирани за да додадат вредност на локалните заедници каде што се наоѓаат аеродромите во Скопје и Охрид, ТАВ Македонија уште еднаш ја потврди својата посветеност на зелените донации предводени од волонтерите од својот персонал. Иницијативите за одржливост на ТАВ Аеродроми ќе продолжат, како и посветеноста на групацијата да обезбеди идните генерации да наследат поздрава, поодржлива планета.
WebOhrid / 05.12.2024 / ТАВ Македонија