Вработените во Рамстор Македонија ја покажаа својата хуманост дарувајќи крв
Своето 13 годишно постоење и активна работа во Македонија, компанијата Рамстор Македонија го одбележа на хуман начин, како партнер на Црвен крст Охрид и Одделот за трансфузија во реализацијата на крводарителска акција.
Вработените во Рамстор Македонија, предводени од регионалниот директор за продажба на Рамстор, Ayhan Caliskan денес во Одделот за трансфузија во Охрид ја покажаа својата хуманост и висока општествена одговорност дарувајќи крв.