23/11/2024
Регион/Свет

Втор ден Балкански поетски камп „Ванчо Николески“ меѓу Македонците во Пустец

Во рамките на воспоставената прекугранична соработка помеѓу Здружението за литератута и клултура МАЦКОВО од Охрид и Организацијата за литературно и културно активирање, од Корча Албанија, денеска, на вториот ден, активностите од шестиот Балканскиот поетски камп за деца и млади, “Ванче Николески” продолжија во Мала Преспа.

Учесниците, најнапред, имаа средба со градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колевски.

Продолжија со посета на гимназијата во Пустец и на музејот “Стерјо Спасе”, во Глобочани, познат албански автор со македонско етничко потекло.

Тука беше промовирана книгата “Американски сон” од авторот Ерис Руси.

Вечерва, учесниците ќе бидат гости во познатото катче Култура 365, во старото градско јадро, по што ќе присуствуваат на предавањето на поетскиот портрет на годинешниот добитник на “Златен венец” на СВП, францускиот автор Жан Пер Симеон.


Веле Митаноски / 23.08.2024