22/11/2024
Спорт

Втора победа за Македонија на СП 2019 во Германија и Данска

Македонија го совлада Бахреин 28-23 и ја запиша втората победа на Светското првенство што се игра во Германија и Данска.

Македонската репрезентација ја презема контролата врз играта и резултатот во раната фаза од натпреварот. Поведовме со 6-2, а потоа следеше еден период во кој составот на Бахреин успеа да направи серија и да поведе 7-6.

Македонскиот тим веднаш ја врати контролата, израмнивме на 7-7, а потоа до крајот на полувремето водството го зголемивме на 12-8.

Во второто полувреме репрезентацијата на Македонија го контролираше натпреварот, разликата од четири гола ја удвои, имавме максимални осум гола разлика за на крај натпреварот да заврши 28-23 за Македонија.

Кирил Лазаров со осум гола беше најефикасниот во македонската репрезентација, Филип Кузмановски и Дејан Манасков постигнаа по четири гола, а за селекцијата на Бахреин најефикасен ракометар беше Алсајад Хусеин со 6 погодоци.

Македонија утре од 18:00 часот ќе игра против репрезентацијата на Хрватска во рамките на третото коло.