Втора седница на новиот Совет на општина Охрид
Со присуство на 22 советници, новоизбраниот Совет на Општина Охрид, денес ја одржа втората седница. На дневен ред беше точката за верификација на мандатот на советникот Нефи Усеини и формирање на повеќе комисии од делокругот на работа на советот.
Советниците го потврдија изборот на советникот Усеини, а по кратка пауза за координација, едногласно ги избраа претседателите и членовите на комисиите.