Второ издание на спортскиот настан „Охрид ултра-Треил“
Започна пријавувањето за второто издание на меѓународниот спортски настан „Охрид Ултра-Треил“ кој ќе се одржи во Охрид од 18-ти до 20-ти септември 2020 година.
Спортскиот настан е организиран од страна на Здружението за промоција на планинското трчање „Трекс“ oд Скопје и Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите – Сите за спорт“ од Охрид, а неговата организација е поддржана од Општина Охрид, „Преспа-Охрид Нејчр Траст“ (ПОНТ), Делегацијата на Европската Унија во нашата држава и од Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.
Овогодинешното издание на „Охрид Ултра-Треил“ го сочинуваат 3 планински трки со различни должини од 18км, 66км, а новина ќе биде трката од 107 км, која припаѓа во групата на спортски настани со ултра-дистанци. Трките ќе се одвиваат на падините на Националниот парк „Галичица“ по сите безбедносни критериуми на ITRA (International Trail Running Association), а сите финишери ќе се стекнат со квалификациски поени за најпозната светска трка во планинско трчање „Ultra Trail du Mont Blanc“ на Алпите.
Пријавувањето за „Охрид Ултра-Треил“ е отворено до 7-ми септември 2020 година, а сите заинтересирани повеќе информации може да се добијат на www.ohridtrail.mk