Второ место и сребрен медал за Дејан Георгиевски на еден од најсилните таеквондо турнири „Турција опен Г2“
Дејан Георгиевски одлично ја започна новата сезона. Обезбеди значителни поени за олимписка норма со три победи над репрезентативци на Турција, Узбекистан и полуфинале против еден од најдобрите таеквондости во светот Хамидреза Бадријалијабади, репрезентативец на Азербејџан.
Во финалето тесен пораз од репрезентативецот на Узбекистан Мавловов Марат со 2:1.
Турција ОПЕН Г2 годинава се одржува во Анталија, присутна е цела олимписка таеквондо елита. Традиционално овој турнир значи за еден од најсилните во Светот.
WebOhrid / 13.02.2025 / МОК