13/05/2025
Охрид

За Прочка традиционално во Велгошти, на 2 март ќе се одржи маскенбал „Емшири 2025″

По повод големиот верски празник Велики Поклади (ПРОЧКА), традиционално и оваа година во Велгошти, на 2 март, недела, ќе се одржи маскенбал „Емшири 2025″.

Почетокот на маскенбалот е закажан во 11 часот на спортското игралиште “Тодор Александров”.

Организатор на маскенбалот е М.З на с.Велгошти и е финансиски поддржан од Општина Охрид.

За сите маскирани дечиња, емширчиња, се обезбедени симболични подароци.