22/11/2024
Охрид

Забрана за движење возила на улица „Македонија“

Од денес улицата „Македонија“ од пресекот со ул. „Македонски просветители“ до пресекот со ул. „Јане Сандански“ ќе биде затворена за сообраќај поради обележување на хоризонталната сообраќајна сигнализација. Обележувањето ќе се реализира во наредниве неколку дена и ќе биде по целата должина на реконструираната улица од 550 метри и ширина од 12 метри.

Улицата „Македонија“ се очекува да биде затворена за сообраќај во текот на целата летна туристичка сезона од кружниот тек кај градскиот плоштад до пресекот со улицата „Ванчо Николески“. Затворањето на оваа улица за сообраќање е во насока на напорите на актуелната локална власт постепено да го редуцира движењето на возила во централното градско подрачје и да им даде предност на пешаците и велосипедистите.

Изминатиов период во неколку наврати надлежните општински служби го испитуваа јавното мислење, а резултатите покажаа дека најголем дел од охриѓани сакаат улицата „Македонија“ да биде пешачка зона.