Забрана за увоз на пилешко и говедско месо од одредени објекти од Бразил
Агенцијата за храна и ветеринарство информира за воведување на официјална забрана за увоз на пилешко и говедско месо од Бразил од одреден број на објекти од страна на Европската Унија и Република Македонија.
Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со дипломатското преставништво на Република Македонија во Бразил за наведеното ја извести Стопанската комора на Република Македонија со допис од 26.04.2018 година, со цел да се известат фирмите кои увезуваат пилешко и говедско месо од Бразил за можноста од појава на внесување на небезбедно месо.
Од страна на АХВ преземени се соодветни превентивни мерки и засилни контролни активности на Граничните премини на сите видови на пратки кои потекнуваат од Бразил.Од сите пратки, без исклучок земени се мостри за лабораториски анализи за утврдување на безбедноста на пратката. Пратките се одобруваат за увоз по добивање на задоволителни лабораториски наоди, што гарантира дека се безбедни за употреба.
Агецијата ќе продолжи со засилени контроли во наредниот период.