22/02/2025
Македонија

Заедничка обука на САЕ – Тигар со специјалните сили на армијата на САД

Тим од Специјалната антитерористичка единица(САЕ) – Тигар при Министерството за внатрешни работи, во периодот од 19.04.2021 до 30.06.2021, учествува во заедничка обука со специјалните сили – Зелени беретки од Европската команда на армијата на САД.

Oбуката „Тактики при извршување на антитерористички операции“ се спроведува во база на специјалните сили во близина на Штутгард, Сојузна Република Германија.

Обуката претставува продолжување на континуираната соработка со специјалните сили на армијата на САД, со цел усовршување на стандардните оперативни процедури и тактики за борба против тероризамот и други облици на насилен криминал.