Заеднички координирани активности на општинските инспекциски служби и полицијата
На иницијатива на градоначалникот Д-р Јован Стојаноски, денеска се одржа состанок на претставници на општинскиот инспекторат и другите надлежни служби со претставници на СВР Охрид предводени од началникот Сашо Смилески.
На средбата, беа договорени заеднички и координирани активности со кои треба да се обезбеди повисок степен на одржување на јавниот ред, општата безбедносна состојба и одговорно однесување на сите субјекти поврзани со оваа проблематика. За ефикасно спроведување на договореното,заеднички работни групи ќе се состануваат еднаш неделно и ќе ги планираат и координираат активностите.