Заев: Цената на струјата останува иста
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во вториот дел од дебатата во Собранието на Република Северна Македонија, на чијшто дневен ред се пратенички прашања го искоментира непокачувањето на цената на струјата за домаќинствата.
„Либерализацијата е почаната, од 1 јули почнува, ја држи фиксна цената, не се зголемува цената за домакинствата, а 20-30% од трговските компании од помал обем ќе имаат намалување од 140 на 80 евра по мегават часови.
Денеска се потврдија тврдењата дека нема зголемување на цената на струјата. Многу е значајно, не поради тоа што излезе нашата теза дека нема да се зголеми цената на струјата, туку дека водиме грижа за социјалниот аспект на нашите граѓани, тоа за нив значи заштеда на средства. И во меѓувреме се воведе евтината тарифа на струјата којашто за една година заштеди 8 милиони евра, другата година 11,4 милиони евра, пари останати кај граѓаните, не ги плаќаат користејќи ја евтината тарифа на струјата.
Либералзацијата е воведена и практично од денеска. Бенефит ќе имаат 20-30% компании, што досега мораа да купваат струја од околу 142 евра, сега може да ја најдат по околу 80 евра за мегават час.
Тоа ќе ги напраави нивните производи многу попродуктивни и многу поконкурентни, бидејќи имаат одржливост, што треба да вроди со нови инвестиции кај нив, нови работни места, благодет да чувствуваат сите.
Ова е голем успех. Ги мотивирам сите институции во делот на енергетиката да продолжат со тој тренд, со транспарентноста и тоа да биде мотивација за сите врабтени, до последниот работник и вработен во ЕСМ или ЕЛЕМ и МЕПСО, така им служиме на граѓаните. Радосен сум што тоа се постигна.
Со оваа цена меѓу 2 и 3 милиони евра треба да има профитабилност ЕСМ, веројатно можел да падне и под прагот, и тоа за мене е голем успех, ќе биде мотивација и на други инститиции да ги постигнат тие резултати.
Тоа е доказ за домаќинско работење, транспарентно и еве какви резултати даваме“, рече премиерот Заев.
Претседателот на Владата, Заев рече дека „ако сме европска земја, треба да чекориме кон Европа, иако тоа значи да ги засукате ракавите и да ја одработите работата, сѐ со цел да ги заштитите дома граѓаните, потрошувачите, домаќинствата, но истовремено да ги заштитите и стопанството и компаниите. Посочи и на Извештајот на ЕУ, којшто дефинира најголеми реформи од целиот регион во енергетската сфера, тоа го кажаа уште лани, сега е потврдено во Извештајот, „перформансот којшто Владата го покажа во целиот овој период заедно со институциите во енергетиката, го даваат еве денеска комплетинот резултат“.
Премиерот Заев најави дека за јулските сметки на граѓаните ќе им достават сметки од ЕVN HОМЕ, наместо од ЕВН, „тоа е универзалниот снабдувач, согласно Законот за енергетика што овој Парламент го донесе“.
„И благодарение на заштедите на ЕВН, ЕСМ, или ЕЛЕМ, па и МЕПСО, испорачавме цена од 34,5 евра по мегават часови и издадовме понуда за сите домаќинства. И нема потреба од други набавки на ЕВН, ние ја гарантираме стабилната цена за сите домаќинства во следната година, а верувам ќе трае, иако пазарот се либерализира на 80, 70, 60 проценти додека не стане комплетно 100%“, рече премиерот Заев.
Тој додаде дека „денес ЕЛЕМ има акумулирана добивка од 46,3 милиони евра“.
„И треба да знаат граѓаните дека тоа се тие податоци со коишто се гордееме и кажуваме дека транспарентноста и компетитивноста носат дефинитивно заштеди на јавни пари. Во моментот ЕЛЕМ на својата сметка има 20 милиони евра и депонирано во банката има 60 милиони евра. Тоа се 80 милиони евра што треба да бидат употребени комплетно за инвестиции, за разлика од 2014 кога генерирале акумулирана загуба од 16,8 милиони евра и затоа не била можна либерализацијата“, рече премиерот Заев.
Претседателот на Владата, Заев потсети на тврдењето на опозицијата дека „ако се случи либерализација, тоа значи во најмала рака ќе значи домаќинствата да плаќаат повиски цени и тоа ќе биде катастрофа, драматично, лошо“.
„Денеска Регулаторна комисија за енергетика објави дека цената на струјата останува иста како што беше до сега. Ја носат одлуката сега и таа важи од 1 јули 2019 до 30 јуни 2020 година.
Почнувајќи од 2006 година, дотогаш е стабилна цената, доаѓа Владата и почнува да се качува цената на струјата сѐ до 2013 година, вклупно 60%. Веројатно биле во право дека со либерализацијата тогаш, цената ќе расте, но зошто – заради бандитски работи. Затоа што немало рационално работење, пред сѐ во енергетските комбинати. Еден од тие енергетски комбинати е ЕСМ, сегашен ЕЛЕМ, МЕПСО, тие се двата големи државни комбинати и ако видите дека има истрага на пример, дека се потрошени 5-10 милиони евра за реконсттрукција на котлите, одржување, рудници, кои биле цените, ќе сфатите дека 2014 година ЕЛЕМ, работи со загуба од 14,5 милиони евра годишно“, објасни премиерот Заев меѓу другото, во одговорот за цената на струјата за којашто е објавено денеска дека не се покачува, на седницата за пратенички прашања во Парламентот.