30/11/2024
Македонија

Заев: Добро е што јавноста ќе има увид во вистината, нецелосно објавената снимка намерно создаваше погрешен впечаток

Изјава за медиуми 
Зоран Заев, претседател на СДСМ
Скопје, 19.03.2018

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

Благодарам за присуството на јавноста на овие судски рочишта. Како што знаете, почнаа суштинските постапки во случајот Поткуп, којшто се води против мене и за којшто јавноста е информирана.

Задоволен сум што судот прифати на барање на мојата одбрана, но и на мое лично барање, иако Обвинителството стави забелешка на тоа, односно се противеше, сепак да се направи јавно изведување на доказите, односно таа видео снимка којашто влијаеше многу на мојата чест, на угледот и на приватноста, сепак да биде јавно презентирана, од причина што се гледа дека на двапати е пресечена, токму на тие моменти и впечатокот е целосно различен од тоа што е во јавноста.

Јас сум претседател на Владата на Република Македонија и сум претседател на најголемата политичка партија, СДСМ. Ми беше од извонредно значење се да биде до крај транспарентно и јавно презентирано, и покрај тоа што правно-формално судот ќе се изјасни за постапката и граѓаните да имаат свој сопствен впечаток за тоа што се случило и што всушност се разговарало.