26/11/2024
Охрид

Заев ги охрабри охриѓани: Уште од понеделник ќе заигра метлата во Владата и претпријатијата, за да не ни биде, после, Цацко крив

Премиерот и лидер на владината коалиција, Зоран Заев, ги охрабри, на вечерашната трибина, на градскиот плоштад “Свети Климент Охридски” охриѓани, ветувајќи им дека, уште од понеделник, ќе заигра метлата во Владата и претпријатијата, за, како што рече, после да не ни биде виновен Цацко.

Токму за ова, беше награден со одобруивање и громогласен аплауз од присутните.

Заев кажа дека ја примил пораката од граѓаните после првиот круг гласање, знае дека многумина од министрите и директорите по јавните претпријатија, но и на локално ниво, не си ја завршиле работата за која добиле доверба од народот и дека ќе мора да се повлечат. Или самите, или ќе бидат сменети.

„Штотуку се вратив од Берлин, каде бев заедно со министерот Димитров и останати мои соработници. Зад нашите политики стојат ио Меркел и Макрон, стојат и Берлин и Брисел, затоа што се тоа про-европски политики. Не е случајно што и третиот претседателски кландидат Блерим Река, практично, јавно ги повика своите придржувачи во недела да гласаат за европска, просперитетна, демократска и мулти етничка Република Северна Македонија.“ – рече Заев.

Ни трибината говореа и претседатѕѕелскиот кандидат Стево Пендароски, министерот за надворешни работи Никола Димитров и кандидатот за нов градоначалник на Охјрид, Константин Георгиевски.

Пендароски, уште еднаш ги повиока охригани, но и сите граѓани во земјата, масовно да излезат во недела на гласање.

„Да направиме една свечена, демократска, празнична атмосфера. Да му покажеме на светопт дека со право наскоро влегуваме во асоцијациите во кои се најдемократските и најпросперитетните земји.Како граѓани заслужуваме да одиме напред, утре во НАТО, а потоа и во ЕУ, а не да се враќаме назад, во темното минато и заробената држава, во каква не турнаа Никола Груевски и сегашното раководство на ВМРО ДПМНЕ, со нивната кандидатка, која не покажа воља ниту за милиметар да се измести од истата таа политика и да се огради од тие политичари. Ја опустошија земјата и избегаа надвор.“ – рече Пендароски.

Министерот Димитров, главно, се задржа на, како што рече, штетните политики и кочничарската улога на претседателот во заминување Ѓорѓе Иванов.

Веле Митаноски