Заев: Не молчете, кога е ваш ред да зборувате – на 15 јули излезете и гласајте за да продолжиме напред
Изјава за медиуми, Зоран Заев, претседател на СДСМ и носител во ИЕ 4
Почитувани граѓани,
Пред нас е 15 јули, денот кога треба да одлучиме дали ќе излеземе да избереме сигурност или ќе останеме дома и со тоа ќе и дадеме шанса на опасноста и несигурноста.
За 2.5 години од изолирана држава станавме членка на НАТО и отвораме преговори со ЕУ. Изодевме пат кој никој пред нас немал храброст да го оди, за денес, пред целиот свет да сме Македонци кои зборуваат македонски јазик. Имаме најбрз раст на минималната и просечната плата до сега. Имаме социјална држава и одговорна власт. Си ја градиме државата.
Знам дека не ги исполнивме сите ваши очекувања. Знам дека направивме и грешки.
Но, секоја наша грешка, ни ја посочувавте гласно, демократски, а ние ве слушавме и реагиравме. Покажавме дека знаеме и можеме да се подобруваме.
И тоа ми дава право да кажам дека не сме сите исти и никогаш нема да бидеме.
И тоа ме тера денес да се обврзам пред вас дека судскиот систем ќе биде првата работа која ќе биде реформирана во наредниот мандат. И зад ова стојам со сиот свој интегритет пред вас.
Ја барам вашата поддршка. Го барам вашиот глас за уште еден мандат. За да ги продолжам добрите политики. За да продолжиме напред уште побрзо и да не ја испуштиме шансата што заедно ја создадовме за оваа наша убава земја и за нашиот народ.
Изборот е очигледен. Но немојте да мислите дека работата е однапред завршена.
Ќе продолжиме напред само ако вие така одлучите и само ако излезете и гласате на 15 јули, на вашето гласачко место кое ќе биде целосно безбедно.
Не молчете кога е ваш ред да зборувате.
Излезете. Гласајте.
https://www.youtube.com/watch?v=34lPhFbqV2I&feature=emb_title