25/11/2024
Македонија

Заев: Низ судска постапка разобличен е монтираниот предмет, очекувам ослободителна пресуда

Одговори на новинарски прашања,Зоран Заев, претседател на СДСМ

Медиуми: Ги гледавте снимките, денеска, комплет јавноста немаше можност да ги види, така одлучила Апелација?

Кај мене е решението, јас се консултирав и со адвокатите и викаат, дека е дојдено до тој заклучок дека јавното презентирање на тие информации претставувало грубо кршење на законот, го спомнуваат Законот за класифицирани информации и другите закони, и во ред, судско решение е, го почитуваме. Денеска имав прилика со моите бранители заедно да ги видиме снимките и се докажува токму тоа за кое што тврдевме, со целосното гледање на снимките се гледаат намерните два прекина на снимките, заради би рекол зла намера апсолутно да се оцрни моето лице. Таму во тој дел без да навлегувам во доверливоста на самите снимки ја разобличам или слично се докажува токму тоа, кога се зборува за парите, се зборува за железо, за цемент, за тули, комплетно за реализација на црквата и апсолутно мене ми е драго што овие комплетни докази судот ќе ги има во предвид и сум убеден дека предметот веќе треба да финишира, секако судот ќе се изјасни за овие работи, апсолутно ми е драго што низ судска постапка го разобличивме целиот предмет, буквално како што реков го отворивме како пупка и преку испитувањето на сведокот, преку презентирањето на оваа снимка, минатото рочиште ги слушавме сите телефонски разговори од ПИ мерките коишто беа и апсолутно верувам дека на сите им е јасно дека се работи за монтиран случај и којшто ќе заврши со ослободителна пресуда.

Медиуми: Се откажавте од тројца сведоци, дополнителни докази, зошто?

Токму поради тоа што по предметот се гледа и се е јасно. Јас мислам дека ниту ние, ниту судот повеќе треба да го замараме станува повеќе од очигледно дека се работело за агент провокатор и местење, веројатно поради тоа што имал веќе неколку истраги против него, пазарење се случило во тоа време се со конечна цел да бидам спречен со бомбите, тоа била конечната цел. Преку сите дури разговори што беа така драматично, бомбастично најавени со самото нивно целосно гледање и нас коишто уште на самиот старт ни беше јасно, верувам и на судот се гледа дека секако се работи за мотивирање на изградба на црквата, секој согласно својата определба пред себе и пред господ може да помогне онолку колку што може. Но напоменувам, за црквата, апсолутно се работи за градежни материјали бетон, железо, тули, работна сила, плаќање електрична енергија или слично како што стои во тој дел којшто беше сечен од самата снимка.

Медиуми: Кога ќе стапи пресудата во сила дали тогаш ќе можете да ги претставите целосните снимки во јавноста, бидејќи сакавте уште во самиот процес да ги види јавноста?

Јас ќе трагам по секој можен начин за овие снимки, посебно тие сечени делови, да ги пуштам во јавноста. Тука се работи за мојот образ и за моето достоинство и мојата чест. Не знам дали ние имаме право да ги добиеме тие снимки, јас апсолутно ги немам тие снимки, само судот ги поседува, ако на било кој начин имаме право по закон со завршена правосилна пресуда или слично некако да ги добиеме, и ветувам дека јавно ќе ги објавам заради тоа што важно е пред се заради мене.

Медиуми: Најавивте реконструкција на Владата за овој месец, односно почеток на месец мај, до каде е реконструкцијата и зошто се доцни, имавте ли викендов разговори дали можеби до среда ќе има веќе објавување на реконструкција, може ли ресорите да ни ги кажете?

А да почекаме да почне месецот? Рековме на почетокот на мај, сепак мај не е почнат, од утре почнува. Верувајте суштини се во разговор, може на крајот да се случи повеќе ресори да се менуваат, повеќе директори, може да се случи никој да не се менува, во зависност од тоа како ќе течат самите разговори. Еден дел е од разговори за зголемување на парламентарното мнозинство, реков дека тоа е иницијалната причина, а после тоа согласно и резултатите од работењето. Сакам насекаде во самите институции за којшто и паралелно правам анализа да ги видам резултатите од промените на власта, сакам да знам што тоа се променило на подобро и слично. Тоа е се важните критериуми така што, верувајте, штом ќе имам нешто ново јас ќе го споделам тоа со вас, новинарите. Не е во ред да ги споделувам информациите јавно, односно јавно да преговарам преку медиумите, сакам да успее овој процес онолку колку што постои подготвеност од двете страни за преговори, односно помалите опозициони партии со којшто преговарам и нашата владејачка страна, а истовремено за деталите, за причините, за одредените промени којшто ќе се случат во извршната власт ќе информирам детално во јавноста.

Медиуми: Течат ли разговорите за проширување на владината коалиција?

Разговорите течат во континуитет.

Медиуми: Од кои ресори сте досега вие незадоволни, кои министерства?

Веднаш штом ќе бидам готов ќе ви соопштам информации.

Медиуми: Има ли некој ресор што не си го исполнил зацртаното?

Може ли да оставите да соопштам тогаш кога ќе му дојде времето за тоа, ако прејудицирам нешто, а после тоа се случат одредени други работи верувајте приказните ќе немаат крај. Дајте да бидеме сериозни, се работи за министрите на Владата на РМ, за заменици, за државни секретари, за директори. Ова се пресериозни прашања. Сето друго би било во најмала рака несериозност од моја страна, ако пред да бидам конкретен и конечен со одлукте ги објавам, па после недај боже се повлекувам или слично. Верувајте сум транспарентен, секогаш одговарам на сите прашања, но овде не сум подготвен во моментот да ги дадам тие суштини на одговорите за коишто вие барате

Медиуми: Кога може да се комплетира антикорупциската комисија, веќе практично повеќе од еден месец немаме антикорупциска?

Тоа во Парламентот. Парламентот е надлежен за Антикорупциската комисија јас само она што сакам да го укажам, сакам да видам експерти, професионалци, коишто апсолутно ќе внесат надеж кај граѓаните дека Антикорупциска комисија навистина после долги години со комплетниот свој капацитет ќе си ја врши работата онака како што по закон тоа е пропишано.

Медиуми: Првиот човек ќе биде од опозицијата на Антикорупциска, така е договорот?

Не ги знам деталите, парламентаните групи веројатно разговараат, можеби работните групи веројатно го имаат отворено решението, но она што јас очекувам да видам е професионализам и експертска поставеност на Антикорупциска комисија.

Медиуми: Господине Заев, “Тврдокорни” упатуваат закани на ваша адреса, како вие ги коментирате?

Сите овие години, веројатно и се научив на сите овие закани коишто доаѓаа и вербално и физички, доаѓаа и практично. Како да кажам, веројатно отрпнавме на овие работи, јас само апелирам, ако заканите се со извесна веројатност дека може да се реализираат, органите на државата да си ја вршат својата работа, без разлика дали тоа се работи за Зоран Заев или за било кој граѓанин на Република Македонија.

Медиуми: Во интервју за РСЕ, рековте дека со влегувањето во ЕУ и неопходната промена на Уставот во пакет може да се реши и уставното име во највисокиот правен акт, дали со ова оставате простор за дополнителни преговори со можност за промена на Уставот со цел промена на уставното име?

Не, јас верувам дека и тоа ако го имам кажано, го имам кажано дека Македонија секако треба да го отвори Уставот пред влегувањето на ЕУ како секоја земја членка, којашто пред влегувањето во полноправно членство го отвара Уставот и тогаш дел од својот суверенитет го предава на ЕУ. Сега, ако се работи за дополнителни гаранции нешто што е важно за граѓаните за Грција коишто се страна, тогаш би можело и за тоа да се разгледува како можност. Јас сум човек којшто ги бара сите можни креативни начини на изнаоѓање на решенија, знаејќи дека може да се постигне решение ако институциите во Грција гласаат и ако институциите во Македонија гласаат за тоа решение, и од тој аспект на крајот се работи на одлуки на институциите, не се работи за одлука на Заев или Димитров, или за одлука на Ципрас и Коѕијас. Така што сум ги кажувал можните варијанти веројатно на она коешто е возможно да се случува во иднина се со конечна желба да се најде решение, но при тоа достоинството да се одржи и идентитетот да се сочува.

Медиуми: Премиере, опозицијата не пропушта можност да манипулира во однос на случајот “Монструм”, имате ли коментар за нивните обвинувања?

Верувајте дека да се игра вака дрско и безобразно со чувствата пред се на родителите, е повеќе од нормално, повеќе од реално. Реков неколку пати и пак ќе повторам, сите докази, севкупно што сум ги поседувал се дадени, вклучително сите, напоменувам, сите докази коишто се поврзани или некако поврзани со предметот “Монструм” се предадени. Немав тогаш, а ниту сега немам намера да изигрувам истражител. Ако сум имал барем минимум нешто коешто би било многу појасно за јавноста, јас ќе сум го објавел. Но видов дека тоа што го имав е само доволно за да се продолжи истрагата во овој предмет за да до крај се разобличи вистината што се случувало. Уште еднаш напоменувам, се што имав, тоа е дадено. Јас си дозволив дури и да коментирам заради тоа што се работи за мајка, за татко, на деца коишто се убиени да им покажам дел од тие разговори за да ја смирам нивната душа, да видат тоа што е, а сепак на крајот правните процеси се тие коишто со нивната конечност веројатно треба да ни ги смири душите на сите нас, пред се на родителите а после и на нас граѓаните коишто сме раздразнети за овој предмет како што сме и раздразнети по многу други предмети во Македонија.